fbpx

По новата „бомба“ на Заев: Живи ли се преговорите и договорот за избори во април?

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во 14.40 часот денеска, пред седиштето на партијата, даде изјава дека нема да учествува на средбата што треба да се одржи на 10 јуни во Брисел.

Новата „бомба“ на Заев одекна исто толку силно како и претходните со прислушуваните разговори и беше поттикната од изјавата на еврокомесарот Хан, дадена во Вашингтон, во која тој вели дека ОБСЕ и ОДИХР позитивно ги оцениле минатите избори во Македонија.

Во моментов е нејасно дали оваа изјава на Заев значи и прекин на преговорите во Скопје и во Брисел и дали е сè уште на сила договорот за предвремени избори.

Иако поминаа речиси два часа, досега ниту една политичка партија или поединци немаат никаква официјална реакција за изјавата на Заев. Портпаролите на другите партии не одговараат на повиците, а експертите бараат време да го кажат ставот за овој потег на лидерот на опозицијата.

За разлика од претходните прес-конференции на Заев, овојпат лидерот на СДСМ не одговараше на новинарски прашања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...