fbpx

Заев: Груевски нема легитимитет да организира и да спроведува избори

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од претставникот на Комисијата за надворешни работи на СДСМ, Тихомир Илиевски, денеска се сретнал со Роберто Батели и со Андреас Нотеле, специјални претставници на Парламентарното собрание на ОБСЕ.

На состанокот, како што се наведува во соопштението, се разговарало за можните исчекори во Брисел од рамката за преговори што била утврдена меѓу политичките субјекти на средбата со еврокомесарот Јоханес Хан во Скопје.

Заев посочил на принципиелните заложби на опозицијата за одделување на партијата од државата, гарантирање на владеењето на правото, на потребата од демократско функционирање на институциите, нотирани како проблеми во извештаите на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, на Европската комисија и на други меѓународни и домашни институции и организации.

– Тоа е единствено можно ако во утврдениот транзициски период, на овие европски стандарди се посвети влада во која нема да учествуваат Груевски и неговите соработници, кои ја создадоа длабоката политичка криза – рекол претседателот Заев.

Во соопштението се наведува дека лидерот на СДСМ посочил на узурпираната волја на граѓаните и на криминалните изборни циклуси што ги покажале доказите преку проектот „Вистината за Македонија“. Тој истакнал дека сето тоа покажува оти актуелната власт на Груевски нема повеќе легитимитет да организира и да спроведува избори.

– Граѓаните си ги бараат назад слободата и демократијата и ги заслужуваат, како и сите граѓани на Европа, и СДСМ, како одговорна опозиција, нема да прави компромиси за овие базични интереси на народот и на државата – посочил Заев на средбата со претставниците на Парламентарното собрание на ОБСЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...