fbpx

Штипските социјалдемократи поднесоа кривична пријава против градоначалникот Илчо Захариев

-

Општинската организација на СДСМ во Штип ќе бара кривична одговорност од градоначалникот Илчо Захариев за злоупотреба на службената положба и овластување затоа што не распишал конкурс за избор на директор на јавното претпријатие „Исар“, како што налага законот, изјави претседателот на штипските социјалдемократи, Владимир Милошев.

– Со ова, градоначалникот на в.д. директорот му овозможил да предизвика засега неутврдена штета кон граѓаните на Штип, правните субјекти и непосредните корисници, затоа што со незаконски овластувања носел одлуки кои немаат правна важност – рече Милошев.

За СДСМ сите донесени одлуки се нелегитимни, особено програмите за работа, годишната сметка и статутарните измени.

– Од наведените дејства, постои основано сомневање дека градоначалникот на Општина Штип, од ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев, сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од Кривичниот закон – изјави Милошев.

Тој не можеше да прецизира за какви незаконитости точно станува збор бидејќи, како што рече, не се во управата на претпријатието.

Сепак, Милошев рече дека кривичната пријава треба да биде основа од која органите треба да почнат да работат и да ги откријат незаконитостите.

СДСМ за работата на ЈП „Исар“ веќе поднесе претставка до Комисијата за борба против корупцијата и до Државниот завод за ревизија.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...