fbpx
Македонија

Македонија

Уставниот суд пресече, ќе се прегласува на седум избирачки места

Управниот суд ги отфрли како неосновани сите седум тужби на Европскиот фронт кои беа поднесени против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) во однос на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај. Со синоќешната одлука, на која ѝ претходеше неколкучасовна расправа, се потврдуваат решенијата...

Пет илјади ученици полагаат тестови за меѓународната студија ТИМСС

Вкупно 5.000 ученици од 150 училишта во државата деновиве се тестираат за потребите на ТИМСС меѓународната студија. Како што информира Билјана Михајловска, директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), децата полагаат на лаптопи во сопственост на ДИЦ, бидејќи така налагаат правилата и се носат во...

Кривична пријава против вработена во СВР Скопје, примала мито од 12.500 евра

Поднесена е кривична пријава против 41-годишната И.М. од селото Буковиќ во скопската општина Сарај, а која била вработена во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела измама, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Полицијата постапувала по пријава од три оштетени...

Мицотакис: Новата влада да го користи единствено името Северна Македонија

Никаков напредок на долгиот пат на Скопје кон Европа не може да се постигне без апсолутно почитување на Преспанскиот договор за прашањето за името, изјави денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за државната телевизија ЕРТ. Тој упати, како што рече, предупредување до новата македонска...

Град Скопје: Фирма без соодветни документи и дозвола монтира панорамско тркало пред „Борис Трајковски“

Фирма регистрирана пред само еден месец, без соодветни дозволи и документи кои гарантираат безбедност, монтира панорамско тркало и други реквизити во Општина Карпош пред арената „Борис Трајковски“, обвинува Град Скопје. Од таму информираат дека во рамки на своите надлежности извршиле надзор, преземале мерки и го...

Обвинителството бара притвор за осомничениот за двојното убиство во Стајковци

Основното јавно обвинителство Скопје доставило предлог за определување мерка притвор за лицето осомничено дека ги сторило кривичните дела – убиство, во скопско Стајковци претходно неделава. Против лицето беше поведена истражна постапка откако во вторникот, на 14 мај, при вршење семејно насилство, во семејниот дом во...

Акција за мерење на крвен притисок и гликемија утре во Градски парк

Специјалистите по семејна медицина утре ќе одржат акција наменета за граѓаните за мерење на крвен притисок, гликемија, пикфлоуметрија и давање на совети за здрави животни навики, соопшти Здружението на лекари по општа медицина – семејна медицина (ЗЛОМ СМ). Акцијата ќе се одржи во Градскиот парк...

Недоследно е по 2016 година ДУИ да зборува за волјата на граѓаните

Не може волјата на гласачите еднаш да се толкува на еден начин, а другпат на друг. Токму така се однесува ДУИ кон волјата на гласачите од 2006 година досега, а особено различно ја толкуваше и волјата на Албанците и волјата на Македонците во 2016...

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на нејзината земја. Церемонијата на полагање на нејзината заклетва предизвика бурни реакции во Атина, Брисел и многу...

Таравари: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

Верувам дека следната недела ќе завршат преговорите за формирање на новата Влада, изјави денеска претседателот на Алијансата за Албанците и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари. „Јас верувам дека следната недела преговорите ќе бидат завршени. Тимовите интензивно работат на владината програма, но истовремено...

Палевски бара адвокати, ќе биде спроведен во суд да се изјасни за притворот

Од Истражниот затвор Скопје до Основниот кривичен суд Скопје е доставeно официјално известување за екстрадицијата на осомничениот Љупчо Палевски Палчо, за кој веќе е определена мерка притвор, како и барање за ангажирање на адвокат кој ќе го застапува во текот на постапката. Палевски беше екстрадиран...

Д-р Димитров: ПАП тестот е историја, жените треба да прават ХПВ тест

Во системот МојТермин треба да има слободни места за жени со гинеколошки болести кои не може да чекаат. Жените треба да прават ХПВ (хуман папилома вирус) тест, а не ПАП (папаниколау) тест бидејќи тој е веќе историја. Жените треба да прават редовни прегледи на...

Притвор за маж кој со сопругата влегол во битолско училиште и нападнал ученик

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица – маж и жена кои се осомничени дека во група извршиле грубо насилство врз дете родено 2009 година, со што сториле кривично дело – Насилство согласно член 386 став 2 во врска со став 1...

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Преспанскиот договор има извесна „сива зона“ која може да се толкува различно и токму затоа е направен така, со цел да се чита пошироко за да постои пристап на добра волја. Но, очигледно, во моментов, добра волја нема ниту партијата која ќе го предводи...

Утре бесплатен влез во музејските институции за Меѓународниот ден на музеите

Музејските институции во земјава утре традиционално ќе ги отворат своите врати и ќе овозможат бесплатен влез за посетителите по повод 18 Мај, Меѓународниот ден на музеите. Посетителите ќе можат да ги видат актуелните изложби и да се запознаат со движното културно наследство, соопштија од Министерството...

Нови 44 случаи на пертусис, вкупната бројка на заболени достигна 597

Во последната недела пријавени се 44 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 3 пати споредено со претходниот седмодневен период, информира Институтот за јавно здравје во последниот извештај за оваа болест. Возраста на заболените се движи од 3 месеци до 77 години, а најголем...

Објавена е програмата на четвртиот Скопски поетски фестивал

Поети од Норвешка, Ирска, Словенија, Грција, Хрватска и Србија, како и дваесетина домашни поети ќе бидат дел од годинешното, четврто издание на Скопскиот поетски фестивал што ќе се одржи во периодот од 29 мај до 1 јуни. Официјалното отворање е закажано за 30 мај во...

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Граната за која се претпоставува дека е од Првата светска војна вчера била однесена во полициската станица во Берово, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), предупредувајќи дека ваквата постапка е несоодветна и ризична. Неексплодираната граната била преземена од страна на пиротехничар за понатамошно уништување. „Вчера...

Мицотакис: Отстапувањата од Преспанскиот договор ќе имаат последици во билатералните односи и патот кон ЕУ

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во интервју со грчката телевизија „Скај“ изјави дека непочитувањето на сите одредби на Преспанскиот договор може да има последици врз билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грција, но и дека може да влијае на патот на Скопје кон Европската Унија. Оваа...

„Метаморфозис“ објави истражување за ефектот на новите технологии и ВИ врз човековите права

Новото истражување на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, покажува каков ефект може да имаат новите технологии и вештачката интелигенција (ВИ) врз човековите права на интернет. На 13 март оваа година Европскиот парламент со огромно мнозинство го донесе првиот закон за вештачка интелигенција (AI...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...