недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Студентите протестираа: Министре Филков почитувајте го законот и правото на студентите Албанци

април 7, 2026

Илјадници студенти и граѓани Албанци протестираа во Скопје барајќи да се почитуваат Уставот и Законот за употреба на јазиците, за да можат, покрај македонскиот, правосудниот испит да го полагаат и на албански јазик. Тие бараат правда за студентите и оставка од министерот за правда, Игор Филков, кој им го негира правото загарантирано со закон. Преку реакција по протестот, од Министерството за правда и натаму инсистираат дека испитот не може да се полага на албански јазик, пишува Порталб.мк

НАкС: Новите закони оставаат простор за политички притисоци врз универзитетите

април 6, 2026

„Се комбинираат повисоки стандарди за избор во звање со пониски минимални критериуми, наместо просек од 8,00 на секој циклус, се бара кумулативен просек од 8,00 за двата циклуси заедно“, велат од Независниот академски синдикат“ во однос на трите нацрт-закони за високото образование

Кривична пријава против градоначалникот на Струга за „несовесно работење во службата“

април 6, 2026

Според информациите од полицијата, пријавениот на 18 ноември 2025 година, во својство на градоначалник на Општина Струга, донел одлука за именување вршител на должност директор на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Струга, иако тоа било спротивно на одредбите од Законот за јавни претпријатија

ЕУ официјално започнува со електронска евиденција на државјаните на земји надвор од Унијата

април 6, 2026

Системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци, отпечатоци од прсти и фотографија, за поефикасно следење на дозволениот престој согласно правилото „90 дена во период од 180 дена“

Од 1 септември скопјани ќе патуваат со градски воз од Зелениково до Транспортниот центар

април 5, 2026

Првата линија ќе ги поврзува Зелениково со Драчево, Ново Лисиче и Аеродром, а до Центар ќе може да се стигне за 11 минути. Во меѓувреме, се подготвува и тендер за изградба на преостанатите две линии кон Илинден и кон Сарај

Намалена акцизата за дизелот и бензинот, Владата со нови антикризни мерки

април 5, 2026

Акцизата за горивата ќе се намали откако Владата донесе одлука на денешната вонредна седница. Се очекува утре Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да донесе одлука со која цената на дизелот ќе остане непроменета, додека бензините ќе поевтинат за 2 денари по литар, во моментов акцизата за дизел изнесува 15,5 денари по литар, а за бензините 22 денари

Над 3400 учеснички ја истрчаа Авицена женската трка денеска во Скопје

април 5, 2026

Денес во Скопје, во 10 часот кај фонтаната „Лотос“, која беше старт и цел на трката, започна 14. издание на „Авицена женска трка“. На трката од 3 километри, за прв пат имаше и категорија за учеснички од над 80 години

Директорот на Метаморфозис, Бардил Јашари, одликуван со орден во име на претседателот Макрон

април 4, 2026

Како што наведуваат од француската амбасада, со ова одликување се оддава почит на исклучителната посветеност на Јашари на демократските вредности кои од 2005 година тој неуморно ги промовира преку фондацијата „Метаморфозис“

Истрага во Битола против лице вработено во образовна установа за поседување детска порнографија

април 3, 2026

Како што информираат од Обвинителството, станува збор за 31-годишен битолчанец, кој е осомничен дека во периодот од април 2024 година до 1 април 2026 година, на компјутерските уреди и опрема што ги користел во својот дом, набавувал за себе и поседувал материјали со детска порнографија

Студентите ќе можеле да го платат данокот за 2025 година на рати, најави УСС УКИМ по средбата со УЈП

април 2, 2026

Управата за јавни приходи, по состанокот со УСС УКИМ соопшти дека студентите ќе можат да го платат данокот за 2025 година на рати, а рокот за плаќање е до 30 јуни 2026 година

Институциите и граѓанските организации заедно ќе го креираат новиот акциски план за Партнерство за отворена власт

април 2, 2026

Даниловска-Бајдевска, како дел од партнерството го посочи воспоставувањето на Отворен трезор, преку кој се следат буџетските трошења, потоа Регистарот на вистински сопственици и најави дека привршува процесот за овозможување и дигитализирање на финансиското известување од страна на политичките партии

Ден на проверката на факти 2026: Војните и геополитичката нестабилност – предизвик за проверувачите на факти ширум светот

април 2, 2026

За разлика од изминатите 2-3 години, кога дезинформациите произведени со вештачка интелигенција главно беа преземани од странство, а со тоа и беа полесни за разоткривање, сега веќе, како што и предвидовме, употребата на вештачката интелигенција во продукцијата на дезинформации станува сѐ повеќе домашна, односно локална, при што експлозија на ваквите локализирани дезинформации, произведени со помош на вештачка интелигенција, се очекува во 2027-28 година

Страна 2 од 2239