fbpx

Брисел не потврдува, но и не исклучува дека Хан наскоро ќе дојде во Скопје

-

Европската комисија засега не потврдува дали еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, на средината од месецов ќе допатува во Скопје на лидерска средба.

– Засега не можеме да потврдиме. Кога ќе ја имаме агендата и потврдата, ќе испратиме соопштение – изјавија за „Мета“ извори од Брисел.

Како што јави „Дојче веле“, повикувајќи се на неофицијални дипломатски извори, Хан ќе дојде да разговара со лидерите на четирите најголеми политички партии за спроведувањето на Договорот од Пржино, состојбата во земјата пред изборите, како и за тоа дали се спроведуваат реформските приоритети што ги бара Европската комисија (ЕК).

Тоа се дел од темите што ќе се најдат и во годинешниот извештај за напредокот на Македонија во процесот на евроинтеграциите кон ЕУ, кој, како што оценуваат дипломатите од Брисел, најверојатно повторно ќе даде условена препорака.

Информацијата за евентуалната посета на Хан доаѓа по одлуката на владејачкото мнозинство во парламентот да не ги поддржи барањата на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, за измени на Законот за СЈО, односно продолжување на рокот за истрага, како и за измена на Законот за заштита на сведоци.

Еврокомесарот, кој посредуваше во носењето на Договорот од Пржино, за време на посетата се очекува да разговара и за опструкциите што му се вршат на СЈО, подготовките за изборите и за распуштањето на Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...