fbpx

Сугарески: Одговорност за поплавите мора да има

-

Обвинетиот Никола Груевски и неговите послушници се исплашија од првата седница на Надзорната комисија за поплавите пред 11 дена, видоа дека вистината за нивната одговорност ќе исплива на површина и оттогаш прават сè за да не продолжи, обвини координаторот на СДСМ, Горан Сугарески.

– Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ не сака никогаш да се одржи надзорната расправа бидејќи не сака јавноста да ја дознае вистината. Токму затоа губи време, обидувајќи се да ја смени досегашната практика за одржување надзорни расправи, во очекување дека ќе помине времето и ќе се распушти Собранието, па ќе избегнат одговорност. Надзорната расправа мора да продолжи. Обвинетиот Груевски и неговите послушници мора да се појават и да одговорат како се случи во 21 век да загинат најмалку 23 лица, меѓу кои и бебиња, поради немање канализација и неисчистени канали – рече Сугарески.

Тој додаде дека тие ќе мора да ги објаснат сите пропусти во 10-годишното владеење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...