fbpx

ЗНМ и ССНМ: Остра осуда за скандалозната одлука за воведување цензура од страна на „Слободен печат“

Неколку часа по објавувањето на текстот во кој се пишува за тоа дека Владата дозволила спојување на концесиите за рудниците во Иловица и Штука во Струмичко, истиот бил избришан, а линкот кој води до него станал неактивен

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) излегоа со остра осуда на, како што велат, срамната постапка од страна на медиумот „Слободен печат“ да избрише текст кој го уредувал и објавил новинарот и уредник Жарко Настоски.

Станува збор за текст со наслов „Владата полутајно му дозволила на милионерот Дестани да ги спои концесиите за рудник во Струмичко“ што бил објавен во средата, на 5 јули од страна на онлајн изданието на „Слободен печат“. Во текстот се пишува за тоа дека Владата дозволила спојување на концесиите за рудниците во Иловица и Штука во Струмичко. Неколку часа по објавувањето текстот бил избришан, а линкот кој води до него неактивен.

Новинарот што го објавил текстот, Настоски, за Призма – БИРН изјавил дека веднаш дал отказ од редакцијата на „Слободен печат“, каде што работел две години.

Уредничката на медиумот, Валентина Ангеловска, за БИРН не сакала да даде подетално образложение за повлекувањето на содржините, а во кусиот телефонски разговор рекла дека „тоа е одлука и политика на компанијата“.

Од ЗНМ и ССНМ се децидни дека ваквата срамна постапка сама по себе претставува скандал и грубо прекршување на слободата на говор и професионалното новинарство.

„Новинарите се должни да објавуваат информации што содржат сомнеж за злоупотреби на сите носители на јавни функции, бидејќи на тоа ги обврзува новинарскиот Кодекс во кој јасно стои дека новинарот ќе ги почитува законите во државата, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес“, велат од ЗНМ и ССНМ.

Оттаму потсетуваат дека цензурата во Македонија е забранета со Устав и тоа е јасно пропишано во членот 16 од Уставот на РСМ.

„ЗНМ и ССНМ како еснафски организации кои ги штитат правата и интересите на новинарите и медиумските работници во земјава му даваат целосна поддршка на колегата Настоски и потенцираме дека неговата реакција на оваа цензура е пример за одбрана на новинарскиот интегритет“, се вели во реакцијата на новинарските организации, во која се додава дека му стојат на располагање на новинарот Настески за бесплатна правна помош со своите адвокатски тимови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...