fbpx

ЗНМ и МВР подготвија протокол за безбедност на новинарите на интернет

Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски рече дека овој протокол е чекор плус во градењето безбедна атмосфера за работа на новинарите

-

Работната група на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), предводена од претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски на средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го претставија Протоколот за безбедност на новинарите на интернет, со фокус на новинарките.

Како резултат на изработката на овој протокол, меѓу другото, во МВР е назначено лице-контакт точка за интернет заканите кон новинарите и, воопшто, медиумските работници. Протоколот нуди практични чекори како новинарите да постапат кога ќе бидат предмет на закана преку социјалните мрежи и, воопшто на интернет, преку проактивна вклученост на МВР во заштита на медиумските работници.

Ова е една од низата активности кои заеднички ги спроведуваат МВР и ЗНМ за подобрување на безбедноста на новинарите од 2017 година, кога беше потпишан Меморандум за соработка, извести МВР.

Фото: МВР, 22 март 2023

На средбата се дискутирало и за други аспекти за безбедност на новинарите и медиумските работници при вршење на дејноста, заканите кои се присутни во интернет просторот, потребата од слободно и непречено известување од настани на терен, ефикасноста при заштитата на новинарите со целосна примена на правните инструменти кои ги имаат институциите.

„Јасна е нашата посветеност како министерство на новинарите да им се обезбедат сите услови за непречено да си ја вршат работата… Слободата на медиумите е еден од базичните столбови на кој се потпира демократијата. И овој протокол, во чие што изработување учествуваа претставници од МВР, ЗНМ и експерти од академската заедница, нуди решенија коишто ќе придонесат секој новинар, особено новинарките, да се чувствуваат безбедно, но и да знаат како да постапат во случаи на закани преку интернет“, потенцираше министерот Спасовски.

Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски рече дека овој протокол е чекор плус во градењето безбедна атмосфера за работа на новинарите.

„Сметаме дека ова е позитивен исчекор во рамките на зголемување на безбедноста на колегите новинари и новинарки. Денес, не само што се соочуваме со загрозување на нашата безбедност, туку се соочуваме и со опасноста од онлајн закани, каде што, за жал, поголеми жртви се новинарките. На овој начин, очекуваме нападите и опасноста од нив да се намали, а неказнивоста на сторителот да исчезне“, порача претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...