fbpx

Жерновски на средба со Бејли: Политичката криза да се реши со независен јавен обвинител

-

Првиот чекор за да се разреши политичката криза би можел да биде именување на лице кое што ќе биде независен јавен обвинител во Македонија, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, по средбата со амбасадорот на САД, Џес Бејли.

– Влегуваме сите, и домашниот и надворешниот фактор, во една чуствителна фаза во која ќе мора да се најдат решенија за оваа длабока политичка криза и ќе мора да се седне на маса и да се преговара. Првиот чекор, многу важен, би можел да биде именување на лице кое што ќе биде независен јавен обвинител во Македонија. Сигурен сум дека поддршка има за таква идеја, а целиот процес да биде набљудуван од надвор за граѓаните да имаат впечаток дека целиот процес ќе биде коректен и голем оптимист сум дека во тој правец се размислува и дека можеме да најдеме решение – рече Жерновски.

Тој смета дека не би било добро обвинителот да биде лице однадвор затоа што така нема да може да се врати довербата во институциите.

– Разбирам дека ќе биде многу тешко да се најде такво лице кај нас во државата кое што ќе предизвика и кое што ќе има доверба кај сите фактори, но мораме да го најдеме, постојат такви луѓе. Не смееме ниту ние како опозиција да излегуваме со став дека никој не чини. Треба да се дојде до тој човек и тој да има поддршка и да има отворена ситуација дека ќе може да работи чесно и независно – вели Жерновски.

Тој додаде дека со амбасадорот Бејли разговарале и за предлогот на Зоран Заев за преодна влада и рече дека и во тој правец се размислува, но дека коректно би било тој да го даде својот одговор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...