Потрес со прелиминарна магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровта скала, денеска го затресе истокот на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Епицентарот на потресот е во префектурата Чиба, источно од Токио, соопшти агенцијата, додавјќи дека не е објавено предупредување за цунами.

Нема никакви информации за евентуални штети.