fbpx

Македонија и Црна Гора со заедничка амбасада во Париз

-

На средбата помеѓу министерот за надворешни работи и за европски интеграции на Црна Гора, Игор Лукшиќ, и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, биле потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји, засновани на меѓусебна доверба и на пријателство.

Во рамките на посетата, бил потпишан и протокол за колокација на дипломатско-конзуларните претставништва на двете земји во амбасадата на Република Македонија во Француската Република, што претставува прв ваков позитивен пример на соработка во регионот и практичен чекор кон оптимализација на ресурсите на дипломатските служби на двете држави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...