fbpx

Зеленски: Кијив користи проектили со долг дострел обезбедени од САД

Употребата на проектили од американската армија, ја означува првата официјално потврдена употреба во Украина, кои може да прелетаат до 190 милји (305 километри)

-

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека Кијив користел проектили со долг дострел на армијата за тактички ракетни системи (Аtacms) обезбедени од САД.

„Денеска, посебна благодарност до Соединетите држави“, рече тој.

Како што пренесува „Гардијан“, тој информирал дека договорите со американскиот претседател Џо Бајден се спроведуваат.

Употребата на проектили од американската армија, ја означува првата официјално потврдена употреба во Украина, кои може да прелетаат до 190 милји (305 километри).

Претходно, украинските сили во текот на ноќта нападнале аеродроми на територијата под контрола на Русија во источна и јужна Украина, уништувајќи хеликоптери и ракетен фрлач на воздушна одбрана и оштетувајќи ги пистите, пренесува „Гардијан“. Нивните сили извршиле „добро насочени напади врз непријателските аеродроми“ во близина на источниот град Луганск и јужниот град Бердианск. Се смета дека се користени проектили на аtacms.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...