fbpx

Затворени се 48 угостителски објекти во рурални средини

-

Во периодот од 2 до 5 април од страна на шесте инспекторати направени се вкупно 3.089 инспекциски надзори. Општ впечаток е дека поголемиот дел од објектите ги почитуваат владините мерки за заштита од превенцијза на ширење на корона вирусот.

„За жал, еден дел од угостителски објекти особено во руралните средини продолжуваат да ги прекршуваат владините мерки. Поради ова затворени се 48 угостителски објекти“ – изјави Магдалена Филиповска Грашкоска, претседателка на инспекцискиот совет.

Грашкоска информираше дека од Агенцијата за храна и ветеринарство спроведени се 208 надзори и изречени се две глоби. Едната глоба се однесува за непочитување на претходна наредба издадена од инспектор, а другата е поради држење на производ без декларација. Воедно, издадени се 15 решенија за месарници и маркети за констатирана лоша хигиенска состојба и изречени се седум мерки едукации поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна.

Пазарниот инспекторат интензивно ги контролирал кафематите на бензиските пумпи и на други места во градовите, со што 215 кафемати се забранети за употреба. Од Агенција за храна и ветеринарство апелираат до граѓаните да не ги користат кафематите и апаритите за вода бидејќи тие се потенцијален преносител на заразата.

Освен овие контроли, направени се и контроли на цените на пренхранбените производи, при што во мал број случаи е забележано зголемување на цените на цитрусните овошја.

Во однос на другите инспекциски надзори во голем дел се почитуваат владините мерки, посочи Филиповска Грашкоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...