fbpx

Засилени безбедносни мерки во европските метрополи поради новогодишните прослави

-

Новогодишниот огномет и уличните прослави се откажани во Брисел, а посебни мерки се спроведуваат во Париз, Лондон, Берлин и во Москва.

Истовремено, турските разузнавачки служби соопштија дека осуетиле план за напад во Анкара за време на прославата.
„Би-Би-Си“ јавува дека австриската полиција соопштила оти една „пријателска служба“ ги предупредила на ризик од напад во големите престолнини во Европа.

Во цела Белгија од нападите во Париз на 13 ноември подигнати се мерките за безбедност, а Брисел е под посебни мерки.

И во Париз годинава прославата ќе биде поинаква. По терористичките напади во главниот град во Франција, одлучено е да се откаже големиот огномет, но традиционалното собирање на Шанзелизе ќе биде одржано под посебни безбедносни мерки. Традиционалниот перформанс на Триумфалната капија ќе биде пократок од вообичаениот.

И Москва и Берлин на посебен начин се подготвуваат за прославата, иако претставниците на овие градови не соопштија дека стравуваат од тероризам.

Црвениот плоштад ќе биде целосно затворен, додека во Берлин е воведена забрана за пиротехника и за носење ранци во пречник од еден километар околу Бранденбуршката капија. Пристапот до самата капија исто така е ограничен.

Лондон ќе го одржи традиционалниот огномет, но околу 3.000 полицајци со тешко вооружување ќе бидат ангажирани за безбедноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...