Венецијанската комисија (ВК), највисоко европско советодавно тело за легислатива, оценува дека севкупното македонско законодавство што се однесува на делот за утврдување евентуална одговорност на судиите, а врз чија основа се врши и нивно казнување или разрешување, е благо речено збунувачко и е во насока на правни решенија кои повеќе може да се сфатат како заплашување на судиите, отколку како гаранција за нивната независност, пренесе „Вистиномер“.

Судството во Република Македонија, т.е. третата власт, со години наназад е оценувано како слаба алка која треба, а не е во функција на баланс и на контрола на извршната и на законодавната власт и краен гарант на почитувањето на правото генерално и на човековите права, одделно во државата.

Најновото мислење на Венецијанската комисија, донесено на пленарана седница одржана на 18 и на 19 декември, е усвоено врз база на анализа на три закони и на нацрт-амандмани на два од нив, означени како „нацрт-амандмани 2015“, а експертизата е извршена по барање на Европската комисија, поточно од Директоратот за соседство и за проширување, т.е. од администрацијата одговорна на еврокомесарот Јоханес Хан.

Целиот текст е на Вистиномер.мк.