fbpx

Заев очекува од Нимиц нови предлози за името до крајот на годината

-

Премиерот Зоран Заев денеска во Драч изјави дека очекува од специјалниот претставник на Обединетите нации во разговорите за прашањето за името меѓу Грција и Македонија, Метју Нимиц, да добие нови предлози до крајот на годинава.

– Очекувам до крајот на годината да има нови идеи од Нимиц за решавање на овој проблем. Убеден сум дека позитивниот амбиент што постои во целиот регион и позитивниот однос на Македонија со сите земји од регионот може само да бидат од полза за решавање на вака чувствително прашање, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали на неформалната средбата на премиерите од Западен Балкан во Драч била понудена помош за решавање на спорт со Грција.

Прашан за законот за употребата на јазиците, Заев рече дека значењето законот се гледа во тоа што тој е дел од владината програма.

– Владата го донесе законот. Ќе се разговара за законот во септември во Парламентот. Очекувам, и уште еднаш ја покануваме опозицијата да учествува во тоа. По гласањето на законот, Венециската комисија и нашите институции ќе имаат можност да дадат коментар за него. Новиот закон ги поврзува нашите граѓани и сакаме да го подобриме законот бидејќи е право на нашите граѓани на начин за градење на едно општество за сите граѓани во нашата земја, рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...