fbpx

Заев на Самитот на ЦЕИ во Рим апелираше за брз консензус во ЕУ за новата методологија

-

Членките на Централно европската иницијатива (ЦЕИ), од кои голем дел се и земји-членки на ЕУ, се двигатели на процесот на целосна интеграција на Западен Балкан во Европската унија, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на Самитот на ЦЕИ, што се одржува денеска во Рим.

Тој додаде дека видливоста на оваа заложба високо на агендата на ЕУ по октомврискиот Самит на Европскиот Совет е големо охрабрување за државата и се надева дека овие напори ќе дадат резултати.

„Идејата за нова методологија за проширување на ЕУ е оправдана само доколку процесот стане поефективен, поверодостоен и ако произведува повеќе материјални придобивки за земјите кандидатки за членство во унијата. Затоа ние апелираме за брз консензус меѓу земјите членки на ЕУ за принципите и елементите на новата методологија, што ќе отвори начин и за усвојување на одлука за почеток на пристапните преговори за Македонија. Нашиот приоритет останува да ги започнеме преговорите за пристапување што е можно поскоро. Донесувањето на одлука до март ќе создаде многу поволна динамика во нашата земја“, истакна премиерот Заев во своето обраќање на ЦЕИ.

ЦЕИ оваа година ја одбележува 30-годишнината од формирањето и ја потврди потребата за поголема регионална соработка која се збогати со бројни формати и иницијативи како што се Процесот за соработка на земјите од југоисточна Европа, преку Советот за регионална соработка, Берлинскиот процес, Јадранско-јонската иницијатива и многу други.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...