fbpx

 Жбогар: Одлука на земјата е како ќе ја реши ситуацијата во правосудството

-

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска во Македонска Каменица рече дека јасно ја кажал позицијата на Европската унија за ветингот во судствто. Земјата треба да одлучи како ќе постапи, рече Жбогар, прашан да го коментира ставот на претседателот Стево Пендаровски, кој вчера во Собранието рече дека ветингот треба да биде спроведен по изборите.

– Претседателот вчера имаше многу важен говор за суштински прашања кои ги загрижуваат граѓаните. Во мојата изјава јасно беше кажана нашата позиција – одлука на земјата е како ќе ја реши ситуацијата во правосудството – рече Жбогар.

Евроамбасадорот Жбогар повтори дека спроведувањето на реформите е суштинско за пристапувањето на Македонија во ЕУ. На прашањето дали во овие реформи влегуваат и измените на Изборниот законик за кој власта и опозицијата имаат дијаметрално спротивни ставови, Жбогар рече е тоа внатрешно прашање. Но, извесно е дека спроведувањето на фер и демократски избори ќе биде сусштинско пред мајскиот самит во Загреб, кога се очекува ново навраќање на прашањето за Македoнија.

– Сметам дека треба да се продолжи со реформите. Некои прашања треба да бидат решени и пред изборите, а потоа да имате и демократски избори со достоинствена кампања. За изборниот систем-дали една или шест изборни единици, тоа е внатрешно прашање за кое немаме посебен став – рече Жбогар, додавајќи дека е важно да се вградат преораките на ОБСЕ и ОДИХР.

Евроамбасадорот, денеска во Македонска Каменица има дебата со младите средношколци. Тој најави поголемо свртување кон општините следната година со фонд од пет милиони евра наменет за проектите на општините.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...