„За заедничка Македонија“: Иванов да не му го даде мандатот на Заев

-

Неколку илјади граѓани со патриотски песни и со транспаренти на кои беше испишано „Македонија на Македонците“, „Проклети да се предавниците“ и „Нашите предци ова парче го платиле со крв“, вечерва излегоа на улиците на Скопје, Прилеп, Кичево, Куманово и на Штип и се приклучија кон протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ организиран „поради прифаќањето на албанската платформа од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев“.

На протестот во Штип, како што јавува дописникот на „Мета“, учествуваа пратеници и членови на советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како и градоначалниците на Велес, Пехчево, Свети Николе и на Штип. Тие не сакаа да даваат изјави, туку накратко рекоа дека тука се во својство на граѓани. На собирот присуствуваа и граѓани од околните места. Тие побараа претседателот Ѓорге Иванов да не му го даде мандатот на Заев, а во спротивно ќе бараат да си поднесе оставка од претседателската функција.

Најмасовен беше собирот во Скопје, кој почна пред Влада на Република Македонија, а маршот заврши пред Собранието.

На протестот, на кој се виореа македонското и знамето со сонцето од Вергина, режисерот Борис Дамовски се заблагодари за големото присуство, порача дека ова е граѓански собир и апелираше да нема шовинистички и националистички извици.

– Не дозволувајте да не обојат како што сакаат, тука постојат само две бои, црвена и жолта. Обележете ја. Бараме, ние жителите на оваа држава, даночните обврзници на оваа држава, да се донесе земјата во ред. На било кои избори, без разлика кој за кого гласал и без разлика кој да дојде на власт, да ги почитува демократските избори и резултати, да нема математики – рече Дамовски.

Пред граѓаните се обратија поетот Сашко Кокулев и ликовниот уметник Коле Манев, кои побара партиите со граѓаните да подготват платформи за заедничка Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не гласаат за редефинирање на Македонија, а претседателот Ѓорге Иванов да го почитува Уставот.

 

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица, од кои...

Уредниците на Јунајтед Медиа со апел до меѓународната јавност по ненадејната смена на раководството

Вработените во Јунајтед Груп синоќа биле известени преку корпоративно писмо дека основачот на компанијата и претседател на Советодавниот одбор, Драган Шолак, како и извршната директорка Викторија Боклаг, се разрешени од своите...

Кривична постапка против скопјанец кој пијан предизвикал сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Основното јавно обвинителство Скопје отвори кривична постапка против 32-годишен жител на Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“ согласно член 297 став 1 од Кривичниот...

Трамп му се закани на иранскиот лидер, побара „безусловна капитулација“

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот упати жестоки закани до иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, велејќи дека е „лесна мета“ и дека „трпението на САД се истрошува“, притоа барајќи од Техеран...

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица,...