fbpx

Стејт департмент: Лидерите да формираат нова влада без понатамошно одложување

-

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека САД заедно со НАТО и со ЕУ одблизу го следат процесот на формирање влада во Македонија, по парламентарните избори одржани на 11 декември 2016 година.

„САД ги повикуваат македонските лидери да формираат нова влада без понатамошно одложување, на начин во согласност со Уставот и со аспирациите на Македонија за влез во Европската Унија и во НАТО. Формирањето нова влада која е посветена на владеењето на правото и на имплементирањето на потребните реформи, ќе помогне за ставање крај на политичката криза која сериозно ги попречува демократскиот и економскиот развој и евроатланската интеграција на земјата“, стои во соопштението.

Од Стејт департментот повторно апелираа до политичките партии на прво место да ги стават интересите на Македонија и на граѓаните.

„САД ги повикуваат сите партии да го стават интересот на Македонија и на нејзините граѓани пред сè друго, да работат конструктивно и за целосно спроведување на нивните обврски, преземени со Договорот од Пржино“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...