fbpx

ОБСЕ/ОДИХР: Постизборниот период беше тензичен и со остра реторика

-

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР денеска попладне го објави конечниот извештај за предвремените парламентарни избори, одржани на 11 декември минатата година во Македонија, во кој се наведува дека е потребно и понатаму да се работи на унапредување на правната рамка, но и да се преземат законски мерки за заканите кон амбасадорите.

„Иако партиите генерално, имаа можност за слободно претставување на кампањите, се препорачува властите и политичките партии да преземат конкретни чекори за да не се врши притисок врз вработените од јавната администрација, политичките активисти и другите кои ги посетуваат таквите настани или, пак, на самото гласање. Наводите за притисок треба темелно да бидат истражени“, порачуваат од ОБСЕ/ОДИХР.

Во извештајот се наведени забелешки за работата на ДИК и за нејзината внатрешна организација, проблемите со гласачките списоци, пробивањето на законските рокови. Од мисијата препорачуваат дека потребно е повторно да се разгледа Изборниот законик, да се зголеми транспарентноста и ефикасноста на ДИК, да се врши редовна контрола на избирачките списоци, брзо да се интервенира во случаите кога лицата не се наоѓаат на избирачкиот список и да се работи на подобрување на независноста на медиумите.

Од ОБСЕ/ОДИХР во извештајот истакнуваат дека постизборниот период бил обележан со тензии и со остра реторика, особено од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Се наведува дека сè уште не е познато дали се преземени законски мерки за заканите кон амбасадорите, по прогласот на ВМРО-ДПМНЕ што го прочита лидерот Никола Груевски на протестот пред Државната изборна комисија (ДИК) на 17 декември лани.

„Постизборниот период беше одбележан со тензична атмосфера и со остра реторика, главно од ВМРО-ДПМНЕ. Откако Беса и СДСМ доставија приговори за нерегуларности на неколку избирачки места, ВМРО-ДПМНЕ повика на протести пред седиштето на Државната изборна комисија (ДИК). На 17 декември, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред насобраните луѓе го претстави партискиот проглас и ја обвини ДИК и неколку амбасадори за мешање во изборите. Следниот ден, се појавија некролози на сегашни и на поранешни претставници на меѓународната дипломатска заедница во Скопје. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР не е запознаена дали биле преземани какви било законски мерки против овие дејства“, се вели во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...