fbpx

За новинарите од Фондацијата Метаморфозис, мора да престане игнорирањето на повиците на линч, велат од ССНМ, ЗНМ, СЕММ и МИМ

-

ССНМ, ЗНМ, СЕММ и МИМ бараат итна реакција на МВР и на Јавното обвинителство по континуираните отворени повици за линч на новинарите и на другите вработени во Фондацијата Метаморфозис, што организирано ги шират групи и поединци на социјалните медиуми, а со тоа се нарушува и безбедноста на нашите колеги, се вели во заедничкото соопштение.

„Потсетуваме дека пријави до МВР од Фондацијата Метаморфозис се испратени во ноември и декември минатата година, кога реагираа и новинарските организации, барајќи проактивен пристап од МВР и Јавното обвинителство. Исто така, потсетуваме дека оттогаш не се преземени мерки со кои би се превенирале и санкционирале овие закани, туку напротив, тие продолжуваат, а политиката на неказнивост останува да биде присутна. Недозволиво е надлежните институции, МВР и Јавното обвинителство, со месеци да ја избегнуваат одговорноста соодветно да реагираат на отворените закани кон новинарите, чиишто лични податоци се откриваат на начин што ги изложуваат на опасноста да бидат мета на физички напади“, се вели во соопштението.

Воедно, од таму ги потсетуваат институциите дека ефикасноста во борбата со закани на социјалните медиуми не завршува со пронаоѓањето на заканувачите кон високите владини претставници, за што има пракса кога станува збор за носители на јавни функции.

„Од институциите очекуваме да немаат двојни стандарди кога се работи за новинари и медиумски работници, особено кога тие се изложени на говор на омраза и повици за нивен линч само поради вршењето на својата професија,“ се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...