fbpx

Коалиција „Маргини“: Утврдена дискриминација кон транссексуална жена од аптека „Виола“

-

Директна дискриминација врз основа на родов идентитет сторена врз транссексуална жена, утврди вчера Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), информираат од Коалиција „Маргини“.

„Дискриминацијата е сторена преку барање на специјалистички извештај за добивање на лек и покрај уредно приложени рецепти, читање на глас на лични податоци пред трети лица и вербално вознемирување од страна на аптекарката. Согласно „Правилникот за поблиските услови за начинот на пропишување и издавање или продавање на лекови“, лекот се издава со рецепт. Аптекарот нема право да го условува издавањето на лекови со доставување на специјалистички извештај“, се вели во соопштението.

КСЗД препорачала на аптеката „Виола“ во иднина да им обезбеди непречен пристап до добра и услуги на сите трансродови лица и да спроведе обука за подигање на свеста и сензибилизација на своите вработени за работа со маргинализирани категории на граѓани, вклучително и трансродови лица.

Коалицијата „Маргини“ за истиот случај се обратила и до Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за лекови, кои и покрај забраната за дискриминација во законите од областа на здравството, тие се прогласиле за ненадлежни. Случајот бил пријавен и во Државниот здравствен и санитарен инспекторат, кој никогаш не доставил одговор.

„Жалбата до Фармацевтската комора беше отфрлена како неуредна бидејќи не можевме да го дознеме името и презимето на аптекарката, сторителка на повредата, и покрај објаснувањето дека тоа не е возможно. Со тоа, Фармацевтската комора не го префрли товарот на докажување на сторителот, аптека „Виола“, која единствено може да го знае идентитетот на аптекарката, застанувајќи на страна на сторителите на дискриминација. Бараме КСЗД да го следи спроведувањето на препораката и дополнително да пропише рок за нејзино спроведување. Доколку сторителот не ја спроведе препораката во разумен рок, бараме КСЗД да покрене прекршочна постапка против аптеката „Виола“, се додава во соопштението.

Од Коалиција „Маргини“ посочуваат дека трансродовите луѓе често се сретнуваат со дискриминација во пристапот до добра и услуги, особено во здравството.

„Од една страна, здравствените услуги не се прилагодени на потребите на оваа група, а од друга страна, здравствените работници често ги навредуваат и стигматизираат трансродовите луѓе. Бараме Министерството за здравство да ја унапреди законската рамка од аспект на дискриминација, да ги зајакне капацитетите на институциите за заштита на човековите права, правата на пациенти и недискриминацијата, како и да даде јасни насоки на институциите за постапување во случаи на дискриминација согласно стандардите во областа,“ велат од Коалиција „Маргини“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...