вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: МИМ | 37 резултати

Промовиран Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми

октомври 12, 2023

Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги (АВМУ) во коорганизација со ОБСЕ/ОДИХР денеска го промовираше Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми. Овој Кодекс е изготвен на иницијатива на АВМУ, во соработка со Здружението на новинари на Македонија, Македонскиот институт за медиуми, Советот за етика во медиумите, Институтот за […]

МИМ го објави конкурсот за новинарските награди „Никола Младенов 2022“

јануари 28, 2023

Македонскиот институт за медиуми го објави конкурсот за новинарските награди „Никола Младенов 2022“ во кој ќе бидат доделени три годишни награди во категориите најдобра истражувачка сторија, најиновативен новинарски производ и најдобра репортерска фотографија. На конкурсот може да се пријават сите новинари и фоторепортери кои професионално работат во медиумите или соработуваат како фриленсери. Како што информираат […]

Пендаровски: Сите државни институции се должни да овозможат непречен пристап до сите информации

мај 3, 2022

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и Медиумските работници (ССНМ) денеска, на 3 Мај, Меѓународниот ден на слободата на медиумите организираа настан под мотото „Безбедни новинари и медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“. Целта на настанот е да се испрати порака и да се подигне свеста за неопходноста […]

Новинарските и медиумските организации против враќањето на државните кампањи во медиумите

април 9, 2022

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) упатија писмо со реакција до Претседателот на Република Северна Македонија, до Претседателот и претставниците на Владата на С. Македонија, Претседателот на Собранието на С. Македонија и координаторите на политичките […]

За новинарите од Фондацијата Метаморфозис, мора да престане игнорирањето на повиците на линч, велат од ССНМ, ЗНМ, СЕММ и МИМ

јули 14, 2021

ССНМ, ЗНМ, СЕММ и МИМ бараат итна реакција на МВР и на Јавното обвинителство по континуираните отворени повици за линч на новинарите и на другите вработени во Фондацијата Метаморфозис, што организирано ги шират групи и поединци на социјалните медиуми, а со тоа се нарушува и безбедноста на нашите колеги, се вели во заедничкото соопштение. „Потсетуваме […]

ЗНМ, СЕММ, МИМ: Корона кризата ги покажа сите доблести и слабости на новинарството

мај 3, 2021

По повод 3 мај, Светскиот ден на слободата на медиумите, од Здружението на новинари во Македонија (ЗНМ) и Советот на етика во медиумите на Македонија (СЕММ) се децидни дека во услови на светска здравствена криза, повеќе од кога и да е претходно стана јасно значењето на независното и професионално новинарство. „Кризата предизвикана од пандемијата со […]

ЗНМ, ССНМ, СЕММ и МИМ: Јавните кампањи во медиумите треба да се бесплатни

февруари 23, 2021

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) реагираат на најавата на Владата за враќање на праксата на плаќање на медиумски кампањи со јавни пари во приватните медиуми. „Со внимателност ги следиме најавите од Владата за измена […]

ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ: Изборот на органите во МРТ и АВМУ со просто мнозинство е ризичен

јануари 27, 2021

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) со загриженост го следат процесот за измена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, инициран од група пратеници на владејачкото мнозинство. Во овој предлог се бара изборот на […]

Локални и регионални медиуми поддржуваат промена на членот 102 од Законот за ААВМУ

декември 18, 2020

Иницијативен одбор на локални и регионални медиуми со седиште во Битола ја поддржа владината иницијатива што јавно ја кажа премиерот Зоран Заев за укинување или промена на членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), јави МИА. Овие медиумски куќи сметаат дека се нашле во тешка финансиска и материјална ситуација, бидејќи општините […]

ССНМ, ЗНМ, МИМ и СЕММ: Не смее да се дозволи закон за државно рекламирање во медиумите

декември 16, 2020

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) го истакнаа своето спротивставување на евентуалните измени на членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кои би било дозволено рекламирање на јавни институции во медиумите. […]

Осуда од новинарските организации за говорот на омраза на социјалните мрежи против вработените во Метаморфозис

ноември 13, 2020

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Здружението на новинарите (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) го осудуваат говорот на омраза против тимот на невладината организација „Метаморфозис“ што интензивно се шири на социјалните мрежи по објавувањето на текст во порталот „Лидер“ со наслов „(ФОТО) ова […]

Ако има пари, медиумската писменост во образованието брзо ќе стане реалност

октомври 9, 2020

Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги (ААВМУ), медиумските организации и експерти сметаат дека воведувањето медиумска писменост во македонскиот образовен систем во скоро време е остварлива идеја. Таквата идеја беше промовирана од владеjачката партија СДСМ пред изборите, која предвидува примена на соодветни содржини во образовните предмети во основните и во средните училишта, почнувајќи од учебната […]

Честитки за Светскиот ден на слободата на медиумите од СЕММ и МИМ

мај 3, 2020

Честитки до новинарите по повод по повод 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, но и предупредувања за опасностите на кои се изложени новинарите и медиумите, упатија Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ). СЕММ побара зголемена одговорност во почитувањето на фундаменталните принципи на слободата и […]

МИМ ги објави наградите „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија

април 27, 2020

Македонскиот институт за медиуми, МИМ, го објави добитниците на наградата „Никола Младенов“. Сторијата „Жив и надграден: Лукративниот бизнис-клуб околу РЕК Битола“, на новинарот Владо Апостолов, ја освои првата награда на годинешниот конкурс „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија за 2019. Сторијата е објавена на интернет-страницата „Призма“ и открива како се злоупотребува системот на јавни набавки […]

Македонско истражувачко новинарство: На работ на квалитетот и опстанокот

февруари 26, 2020

Истражувачко новинарство во македонските традиционални медиуми речиси и да нема. И тие малку стории што се објавуваат годишно ги има претежно во онлајн медиумите и се финансирани со странски донации. Телевизиите, радијата, весниците и дел од онлајн медиумите се претворени во слепи пренесувачи на дневните настани произведени од комуникациските стратегиии на државните институции, политичките партии […]

Ниту е вистина дека медиумите се слободни, ниту дека нема значителен напредок

јануари 31, 2020

Двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ја состојбата со медиумите во земјата, излегоа со две крајно спротивставени вистини – од апсолутна слобода до катастрофално лоша состојба. Вистината е поинаква и кога станува збор за медиумските слободи, a и за слободата на изразување има уште доста работа. СДСМ се пофали дека обезбедиле слобода на […]

ААВМУ до ДИК: Сите имаат право на термини во медиумите за референдумот

август 8, 2018

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) соопшти оти ставот на Државната изборна комисија (ДИК) дека единствено Собранието, како овластен предлагач на референдумот, може да води јавна пропаганда не соодветствува со фактичката ситуација и дека и другите заинтересирани субјекти може да водат пропаганда во времето предвидено за политичко рекламирање. Со слична реакција вчера се […]

ДИК нема право да наметне медиумско претставување за референдумот

август 7, 2018

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) го осудуваат начинот на кој Државната изборна комисија ги толкува последните измени и дополнувања на Изборниот законик во врска со медиумското претставување […]

Утре во ААВМУ ќе се одржи презентација на Мрежата за медиумска писменост

јуни 6, 2018

Утре, на 7 јуни 2018 година во 12 часот во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе се одржи состанок и презентација на Мрежата за медиумска писменост http://mediumskapismenost.mk/. На состанокот ќе се претстават трите проекти за медиумска писменост кои ќе ги спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк“, МИМ и МОФ, а кои […]

Атанасова Точи добитник на наградата „Никола Младенов“

март 20, 2018

Новинарката Менче Атанасова Точи е добитник на првата награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија за 2017 година, што денеска ја додели Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Точи е добитник на првата награда за серијалот текстови за домашниот паралелен увоз на лекови, со кои се откри фалсификувањето на лековите и злоупотребите на власта за манипулирање на граѓаните со […]

Страна 1 од 2