За два дена 74 нови случаи на ковид-19 во Прилеп

-

За само два дена во Прилеп се евидентирани 74 случаи на лица инфицирани со корона вирус. Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска едно лице на 73 годишна возраст ја изгуби битката со болеста.

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски денеска категорично порача, граѓаните, институциите и правните субјекти, доследно и без исклучок да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

„Угостителските објекти работното време треба да го ограничат до 23 часот. Капацитетот на патници во јавниот превоз се ограничува на 50 отсто, ова важи и за стопанските субјекти, чии вработени на своите работни места одат со организиран превоз. Полицијата ќе врши строга контрола на возилата и за секое непочитување на мерките ќе изрекува строги санкции и казни. Нагласувам дека целата државна и јавна администрација, вклучувајќи ги и судовите, работниот процес ќе го организираат во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации во зависност од карактеристиките на работата која ја извршуваат“, изјави Јованоски, веднаш по вонредната седница на општинскиот кризен штаб.

Комисијата за вршење контрола во спроведувањето на мерките и препораките за заштита од ковид-19 врз институциите од општинска надлежност врши контроли во основните, средните училишта и детските градинки.

„Општинскиот кризен штаб одлучи да му наложи на раководството на ЈП „Пазари“ да врши строга контрола на сите влезови од пазарот, да не се дозволи влез на ниту едно лице без носење на заштитна маска и претходна дезинфекција на рацете. Продавачите во пазарот се обврзани да носат заштитна опрема, односно заштитни маски и визири, а после крајот на работното време на пазарот, да се врши негова целосна дезинфекција. Се скратува работно време на градскиот пазар, според што од утре, петок 23 октомври, пазарот ќе работи од 7 до 15 часот“, рече Јованоски.

Инаку од почетокот на пандемијата во Прилеп, со корона вирусот се инфицирани 1.009 граѓани, а починале 50 лица.

Поднесено обвинение против четири лица за предизвикување омраза

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката и до надлежниот суд поднесе обвиненија против вкупно четири лица кои во различни настани во изминатите денови извршиле дејствија кои содржат елементи на кривичното...

„Орешник“ и изборот на Трамп главни теми на (дез)информациите со недели

Сè започна со дозволата за употреба на класичните ракети со долг дострел што на Украина и ги доставуваат САД и Франција и Велика Британија. За ова медиумите масовно известуваа во почетокот...

Трамп го назначи Дејвид Сакс за советник за вештачка интелигенција и криптовалути

Доналд Трамп го назначи поранешниот оперативен директор на „Пејпал“, Давид Сакс, да биде советник за вештачка интелигенција и криптовалути, продолжувајќи ја традицијата на наградување на големи донатори со политичка моќ, пренесува...

Уништени небезбедни млечни производи и месо – АХВ изрече 23 казни за мали продавници

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата недела спровеле 192 надзори во малопродажни објекти – мини маркети и продавници за храна, при што биле изречени 23 парични казни. Инспекторите...

Поднесено обвинение против четири лица за предизвикување омраза

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката и до надлежниот суд поднесе обвиненија против вкупно четири лица кои во различни настани во изминатите денови извршиле дејствија кои содржат елементи...