fbpx

Вучиќ: Србија ќе продолжи да произведува оружје, но не продаваме ниту на Русија ниту на Украина

„Кога произведувате муниција, тогаш таа секогаш завршува некаде на бојното поле или во некое светско кризно подрачје“, објаснува Вучиќ

-

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска ги демантираше тврдењата дека Србија ѝ продава оружје на Украина.

Одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата на Катар, Вучиќ рече дека Србија не испратила ниту едно парче оружје на ниту една страна во „тој конфликт“.

„Не сме продале ниту едно парче оружје ниту муниција ниту на Русија ниту на Украина. Имаме дозволени корисници, ‘енд јузери’ и само кај нив извезуваме“, рече Вучиќ.

Одговарајќи на обвинувањата дека се извезува оружје за Украина преку Турција, тој рече дека бизнисите со оружјето кое се носи во Турција се дополнително заштитени со обврската дека тоа оружје не смее понатаму да се пренесува без согласност од Србија.

„Станува збор за ноторна лага. Србија не му испратила никому оружје. Србија произведува и продава муниција. Имаме фабрики од одбранбената индустрија. Кога произведувате муниција, тогаш таа секогаш завршува некаде на бојното поле или во некое светско кризно подрачје“, објаснува Вучиќ.

Како што додаде тој, постои таканаречен дозволен корисник и само во такви земји Србија може да извезува оружје.

„Велат дека сме извезле преку Турција. Знаејќи дека постои можност дел од производите да биде испратен на која било страна на бојното поле, додадовме дека е невозможно да се извезува муницијата која ја дадовме во Турција. Што повеќе сакате од нас. Лажговци едни“, рече Вучиќ.

ИзворБ92

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...