fbpx

Маричиќ од Брисел: Процесот на преговори со ЕУ го отвора пазарот на труд

-

Во Брисел, во тек е одржувањето на билатералниот скрининг состанок за Поглавје 2 „Слободно движење на работници“, за кое вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ,  вели дека е многу важно поглавје за граѓаните бидејќи со усогласувањето со законодавството на ЕУ се отстрануваат бариерите поврзани со европскиот пазар на трудот, а неговото отворање ќе го направи македонскиот работник повеќе вреднуван.

„Со пристапувањето на Северна Македонија во Унијата, за македонските граѓани ова значи работа без работна дозвола, еднаков третман при вработувањето како и со државјаните на останатите земји членки на ЕУ, еднакво социјално осигурување како граѓаните на земјата-членка каде што работникот е вработен, право на пензиски и социјални придонеси, меѓусебно признавање на квалификациите“, вели во видеообраќањето Маричиќ.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ вели дека имаме направено низа реформи во оваа област, но уште треба да се направи, посочувајќи дека Северна Македонија има склучено 15 билатерални договори за социјално осигурување со земји-членки на Европската унија, а со 9 земји-членки на Европската Унија за користење на Европската картичка за здравствено за осигурување на територијата на Република Северна Македонија.

„Ни останува уште да презентираме за постигнувањата и усогласувањата со ЕУ за Поглавјето 8, „Конкуренција“ многу важно поглавје од Кластерот 2 „Внатрешен пазар“, и според предвидениот календар продолжуваме со третиот кластер“, најави Маричиќ.

Вицепремиерот уверува дека преговорите со ЕУ се одвиваат по планот и дека македонскиот преговарачки тим успешно го води скрининг процесот и дека е важно да го задржиме ова темпо и да одржиме континуитет во преговорите со ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...