среда, 13 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: СЕП | 21 резултати

Маричиќ: Во преговарачката рамка нема ниту едно прашање поврзано со историјата и Протоколот

септември 21, 2022

„Во преговарачката рамка не е наведено ниту едно прашање поврзано со историјата ниту пак со протоколот којшто го потпишавме ова лето како основа за вадење репери или мерила по кој ЕУ ќе нè цени нас. Тоа значи дека Европската комисија нема простор или начин да извлекува мерила, критериуми за исполнување во однос на историјата бидејќи […]

Дрита Абдиу – Халили: На 15 септември започнува процесот на ажурирање на скринингот РСМ-ЕУ

септември 13, 2022

Со официјалниот почеток на преговорите РСМ-ЕУ на 19 јули годинава, се наметна потреба од итна консолидација на механизмот за координација за управување со пристапниот процес, како клучна алка за обезбедување координација и поддршка на сите реформи кои се однесуваат на процесот на европска интеграција и спроведувањето на Спогодбата за стабилизација-асоцијација. Во врска со преговарачката структура […]

Маричиќ: Членство во ЕУ како Македонци кои говорат македонски јазик не смееме да пропуштиме

јули 6, 2022

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција со германскиот специјален пратеник, Мануел Сарацин, изјави дека Владата од почетокот на мандатот покажала особен интерес за надминување на отворените прашања со Бугарија. „Покажавме силна посветеност и водевме искрен и отворен дијалог, што очигледно беше добар сигнал за ЕУ. Во тој процес, воден исклучиво од интересот […]

Димитров: Преговорите за членство во ЕУ треба да почнат веднаш

октомври 20, 2021

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска одржа заедничка прес-конференција со шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, на која беше презентиран Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2021 година, како и Пакетот за проширување. Вицепремиерот Димитров истакна дека Извештајот на ЕК за Северна Македонија […]

СЕП ги дигитализира услугите кон граѓанскиот сектор

мај 27, 2021

Секретаријатот за европски прашања ќе ги дигитализира услугите кои ги нуди, па така отсега регистрацијата на проектите од странските донатори ќе може да се врши и по електронски пат. Услугата е изработена во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во Северна Македонија за непречено функционирање”, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на […]

Владата преку Инвестициската рамка за Западен Балкан на ЕУ ќе аплицира за нови грантови за пругата кон Бугарија

декември 24, 2020

Од Секретаријатот за европски прашања (СЕП) велат дека земјава до февруари 2021 година ќе аплицира за нови грантови на повикот на Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ), меѓу кои и за железничкото поврзување со Бугарија, со што ќе се намали стапката на задолжување за овој капитален проект од инфраструктурата. Со ваквата иницијатива на македонската влада […]

Панел „Патот до Брисел преку Охрид“ по повод 17 години од Рамковниот договор

август 13, 2018

Тематски панел „Патот до Брисел преку Охрид“ во рамки на одбележувањето 17 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор ќе се одржи денеска во Клубот на пратеници во организација на Секретаријатот за европски прашања. „Денес, Република Македонија е исправена пред еден од најважните предизвици во својата понова историја – да ја комплетира својата надворешна интеграција. […]

Османи: Преговорите со ЕУ ќе бидат тежок, долготраен и скап процес

август 1, 2018

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и посебниот советник на претседателот на Владата за евроатлантски интеграции, Бојан Маричиќ денеска на прес-конференција во владата ја презентираа преговарачката структура за пристапување на Македонија во Европската Унија за која рекоа дека е процес кој ќе биде тежок, долготраен, макотрпен, скап и каде што ќе има многу тешки политички одлуки. […]

Османи, Спасовски, Саљији и Манчевски ќе му реферираат на Хан за „3-6-9“

ноември 19, 2017

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, заедно со вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за правда, Билен Саљији, како и со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, утре во Секретаријатот за европски прашања ќе има средба со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан. Од СЕП информираат дека […]

Османи: Локалните избори се круна на планот „3-6-9“ и тест за Владата

јули 28, 2017

Парламентарните избори минатата година го означија почетокот на крајот на една тешка институционална и политичка криза, но означија и почеток на деблокирање на евроинтегративниот процес, изјави вицепремиерот Бујар Османи, пред почетокот на tрибината посветена на имплементацијата на мерките од планот „3-6-9“ што се однесуваат на изборите и на изборниот процес. – Иако тие избори означија некаков почеток, […]

Политичката состојба во Македонија е како изгребана плоча, оцени Тимоние

март 30, 2017

Политичката состојба во Македонија во моментов наликува на изгребана плоча и не сакам да додадам уште една гребнатина на тоа што веќе е, изјави денеска во Битола францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, каде учествуваше на форумот „Европските перспективи за локалната самоуправа“. – Посакувам што побргу да се излезе од оваа состојба затоа што македонскиот граѓанин сака […]

Се одржа 13. Комитет за стабилизација и асоцијација

јуни 15, 2016

Тринаесеттиот Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европска Унија се одржа денеска во Скопје, а во неговиот фокус беше степенот на исполнување на политичките и на економските критериуми. „Комитетот за стабилизација и асоцијација се осврна на степенот на исполнување на политичките и економските критериуми во изминатиот период, како и на степенот на имплементација на […]

Вицепремиерот Бесими и амбасадорката Оер потпишаа писмо за соработка

февруари 26, 2016

Заменик претседателот на Владата, Фатмир Бесими, и амбасадорката на Франција во земјава, Лоренс Оер, потпишаа писмо за зајакнување на техничката соработка помеѓу двете земји. „Оваа соработка ги опфаќа присуството на францускиот експерт за европски прашања, Бертранд Милет, во Секретаријатот за европски прашања и билатералната поддршка во понатамошното усогласување на националното законодавство со законодавството на Унијата, […]

Регионална конференција „Пристапни реформи во Западен Балкан“

ноември 27, 2015

Денеска во Скопје ќе се оддржи регионална конференција на тема „Пристапни реформи во Западен Балкан“, во организација на Секретаријатот за европски прашања. Како што соопшти СЕП, воведни излагања на форумот ќе имаат македонскиот вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Фатмир Бесими, шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, амбасадорот Аиво Орав и германскиот заменик-амбасадор Ханс-Хелге Сандер. На конференцијата […]

Бесими се сретна со регионалниот директор на УНИЦЕФ

октомври 26, 2015

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, се сретна со Мари Пјер Поарие, регионален директор на УНИЦЕФ за Источна и за Централна Европа и за Заедницата на Независни Држави, со која разговарал за мерките и за активностите што се преземаат во Македонија, во насока на справување со бегалската и мигранската криза. „Вицепремиерот Бесими за време на […]

Договорот од Пржино, клучен за почеток на претпристапните преговори со ЕУ

септември 14, 2015

Неизвесно е дали претпристапните преговори на високо ниво со Евроспката унија ќе се најдат на агендата на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, кој в петок ќе допатува во Скопје, дознава „Мета“ од високи извори во Секретаријатот за европски прашања (СЕП). – Исклучително е важно имплементирањето на политичкиот договор. Во јавноста се […]

Граѓанските здруженија губат пари поради неажурност на државата

февруари 19, 2015

За два нереализирани повици за користење пари од европските фондови, Македонија загуби повеќе од 1,7 милиони евра кои биле наменети за изградба и за одржливост на граѓанското општество. Денеска на прес-конференција за ова реагираа граѓанските организации. Велат дека се загрижени и разочарани од поништувањето на два повици од ИПА-програмата за претпристапна помош на Европска Унија. –  Загриженоста е уште поголема затоа што […]

Страна 1 од 1