fbpx

Вучиќ: Во Србија е засилено дејствувањето на странски разузнавачки служби

-

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека во земјата е зголемено дејствувањето на различни странски разузнавачки агенции, но апелираше граѓаните да останат мирни бидејќи безбедносните агенции и разузнавачките тимови на Србија добро си ја вршат работата и секогаш се подготвени да ја заштитат својата земја.

Вучиќ во Собранието на Србија, каде тој и неговите министри денеска одговараа на пратенички прашања, рече дека „моќни странски служби“ во Србија земале податоци од полицијата сè до втората половина на 2015 година, но дека тоа, според негово мислење, повеќе не се случува.

Српскиот премиер не одговори на прашањето на пратениците од опозицијата дали некој и кој е уапсен поради оддавање податоци, велејќи дека не може да зборува во името на оние лица за кои е поведена постапка.

Вучиќ на 24 октомви, по седницата со Бирото за координација на службите за безбедност, соопшти дека е откриен висок функционер на Управата за криминалистичка полиција, како и дека се уапсени неколку лица што го следеле црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ и се подготвувале за нелегални активости во Црна Гора.

Министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, денеска потврди дека е уапсен висок функционер на Управата за криминалистичка полиција кој оддавал доверливи информации на разузнавачка служба на една западна земја.

Во екот на шпионската афера, во Белград допатува високиот руски безбедносен функционер Николја Патрушев.

Дел од аналитичарите веруваат дека неговата посета има врска со случувањата во Црна Гора, а белградскиот весник „Данас“ објави дека неколку руски државјани биле протерани од Србија поради учество во подготовки за терористички акции во Црна Гора.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...