fbpx

Втор протестен марш на тетовските средношколци

-

Црвен картон за лошите реформи во образованието, покажаа тетовските средношколци на протестниот марш, кој попладнево почна од централнотo градско подрачје, а заврши пред Бирото за развој на образование. Повторно побараа да се укине екстерното тестирање и да се врати стариот начин на полагање на државна матура.

Постигнатиот договор меѓу министерот за образование Абдилаќим Адеми со Средношколската унија, според кој математиката како задолжителен предмет ќе ја полагаат само учениците од природно-математичките гимназии, за тетовските средношколци е маркетиншки трик.

– Претходно, Средношколската унија не беше воопшто активна и по нашиот прв марш не се случи ништо, но кога дознаа дека ќе имаме втор марш кој ќе биде помасовен, веднаш постигнаа наводен договор со министерот. Сето ова е маркетиншки трик за да се повлечеме, но ние нема да се откажеме од нашите барања, продолжуваме понатаму – изјави еден средношколец.

На протестниот марш, учествуваа стотина средношколци. И овојпат се вршеле притосоци да не се учествува на маршот.

– Една од причините што има мало присуство на денешниот марш е притисокот што го имаа дел од средношколците, од дел од професорите и од директорите на училиштата кои им забрануваа да излегуваат на маршот – изјави средношколец.

– Од училиштата побаравме присуството на маршот да биде оправдано, но раководствата на училиштата ваквите барања ги одбија, па така голем дел од учениците, за да не добијат неоправдани изостаноци, одлучија да не присуствуваат на маршот – додаде друг средношколец.

Дел од родителите и од професорите на средношколците, го подржаа денешниот протестен марш.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...