fbpx

Времето претежно облачно со повремен дожд, а на планините снег

-

Утрово времето во Македонија е претежно облачно, во западните делови со локален дожд. Дува умерен, на места засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

Времето денеска под влијание на влажен бран ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите кои започнаа во западните делови до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава. Поинтензивни ќе бидат во западните подрачја, каде локално ќе наврнат околу 20 литри на квадратен мета. Ќе дува умерен до засилен јужен и југоисточен ветер. Максималната температура ќе се движи од 6 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до 9 степени.

Утре ќе има слаб локален дожд, а на планините и на некои повисоки места во западните делови ќе има слаб снег. Во деновите од викендот ќе биде стабилно и суво, в сабота ќе дува умерен северен ветер, а в недела и понеделник по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Во текот на Новогодишната ноќ времето ќе биде стабилно со температура која ќе биде во интервал од -4 до 3 Целзиусови степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...