fbpx

Во сите ковид центри се лекуваат 604 пациенти болни од корона вирус, има 580 слободни болнички кревети

-

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава изнесува 604, а има околу 580 празни болнички кревети во сите ковид центри, соопшти Министерството за здравство, според извештаите добиени за последното деноноќие.

Само во болниците низ земјава е пријавено дека се на лекување вкупно 315 пациенти. Во Битола се хоспитализирани 28, во болницата во Штип 31 пациент, на инфективното одделение во Тетово има 16, во Велес се лекуваат 21 болен, а во Куманово 45 лица. Во Охрид се на лекување 40 пациенти, во Прилеп 24, во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица  се хоспитализирани 22 пациента, во Кочани 2, во Кичево 12, во Кавадарци 18, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во последните 24 часови во сите ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 26 нови заболени со компликации од ковид-19, а вкупно 289 лица сомнителни и потврдени за овој вирус се лекуваат на сите инфективните оддели во главниот град. На интерните клиники имало 11 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 приеми на нови пациенти, а на Инфективната клиника 5. Во изминатото деноноќие дома се пуштени 22 оздравени лица.

Во моментов на Кожната клиника се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија има 23 болни, а на Институтот за ТБЦ лежат 24 пациенти со симптоми на корона вирусот. Во Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, а на Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16 заболени лица. Во ГОБ “8 Септември“ има вкупно 94 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 81 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца „Козле“ се лекуваат 10 пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 110 слободни места. Се очекува во тек на денот, по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, информираат од Министерството за здравство, во врска со стојбата во ковид центрите во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...