fbpx

Царовска: Новата концепција за основно образование е влез во новата ера и влог во иднината

-

Меѓународниот ден на образованието, 24 јануари, годинава се одбележува во време на пандемија што наметна целосно нови услови за одвивање на образовниот процес, но и предизвици во изнаоѓање на решенија за непречена настава и квалитетно образование. Министерството за образование и наука, МОН, продолжува силно да вложува во образованието и во подготвувањето на целосна нова реформа која ќе гарантира подобро и поквалитетно образование. Ова го посочи, меѓу другото, министерката за образование и наука Мила Царовска, во видео обраќање по повод денешниот Меѓународниот ден на образованието.

„Силно верувам дека новата концепција за основно образование е влез во нова ера на развој, раст и унапредување на идните генерации и влог во иднината на земјата. Правото на образование е основно човеково право, а квалитетното образование е основа за развој и просперитет на секое дете и на општеството во целина“, изјави Царовска.

Таа додаде дека и во време на пандемија е овозможено образовниот процес да тече со непречена настава на комбинираниот модел: настава со физичко присуство, онлајн и со емитување часови на телевизија.

„Децата, нашите ученици се и нашите херои кои ни покажаа дека може да се постигнат резултати и при учење на далечина. Ни одржаа лекција за приспособување и прифаќање на променетите услови, за учење и просперитет и во вонредни околности“, рече Царовска.

Според податоците на УНЕСКО, ковид кризата и затворањето на училиштата, универзитетите и другите образовни институции, како и прекинот на многу програми за доживотно учење и описменување, влијаеше врз животите на над 1,6 милијарди ученици во повеќе од 190 земји во светот. Во сите овие земји, вклучувајќи ја и нашата, образованието е во фокусот на обновата од влијанието на кризата, како клучен фактор за трансформацијата кон поинклузивно, побезбедно и одржливо општество.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...