fbpx

Во Приштина отворена Куќа за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија, Косово, Црна Гора и Албанија

-

Во соработка со претставништвото на Европска Унија во Косово, денеска се отвори Куќата за прекугранична соработка во Приштина. Просториите се финансирани од Европската Комисија и ќе се употребуваат за три прекугранични програми, Косово – Северна Македонија, Црна Гора – Косово и Косово – Албанија.

„Оваа Куќа ќе биде едно место за сите прекугранични операции во Косово, а и Северна Македонија добива капацитети за поддршка на потенцијални апликанти во здобивање прекугранични партнерства. Регионалната соработка и развој се најважните одговорности на Министерството за локална самоуправа и прекуграничните и ИНТЕРРЕГ програмите се важен дел од стратегијата за регионален развој“, истакна министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Тој рече дека земјава во програмскиот период на ИПА2 2014-2020 зеде учество во пет прекугранични соработки и ИНТЕРРЕГ програми, како и две транзициони програми. Тоа се ИНТЕРРЕГ програмите со Грција и со Бугарија, прекуграничните соработки со Косово, Албанија и Србија, и транзиционите програми БАЛКАНМЕД и АДРИОН.

„Со заеднички напори можеме да создадеме подобра иднина за нашите граѓани, како и значаен придонес на патот кон евроинтеграциите. Министерството ги поддржува корисниците на прекуграничните програми преку ко-финансирање на нивните проекти. Ги охрабруваме институциите, особено локалната самоуправа, да соработува со соседите од Косово, со цел да се подобри услугата која се нуди на жителите“, рече Милевски.

На настанот говореа и Елберт Красниќи, министер за локална управна администрација од Косово, Томаш Сзунјог, амбасадор на ЕУ во Косово, Зорка Кодриќ, одговорен преговарач од НИПАК-Црна Гора и Олта Чачка, министерка за надворешни врски на Албанија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...