fbpx

Во Прилеп промовирана монографија за актерот Бранко Ѓорчев

-

Во рамки на 50. македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, денеска, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше промовирана Монографија за актерот Бранко Ѓорчев (1962-2013).

Промоцијата беше збогатена со инсерти од улоги на Ѓорчев, чија матична сцена беше Драмски театар во Скопје. Директорот на Драмски театар, Роберт Велјановски, рече дека Ѓорчев бил исклучително плоден уметник со специфично креативен актерски израз.

– Бранко Ѓорчев на македонската театарска сцена беше присутен повеќе од 30 години, со исклучително плоден и специфичен креативен, длабок и траен актерски израз. На сцената на Драмски театар одигра 46 лика и уште десет на сцената на Македонскиот народен театар и на театрите во Куманово, Битола, Струмица, а во опусот му се запишани и премиери на претстави во Париз и во Дубровник (Дубровнички летни игри). Ѓорчев одигра и 26 ликови во ТВ-серии, филмови, драми, документарни и во образовни програми – рече Велјановски.

Според театрологот Ана Стојаноска, оваа монографија, чиј приредувач е театарскиот критичар Лилјана Мазева, е дел од големиот мозаик за актерот Бранко Ѓорчев.

– Како сите мозаици е составена од повеќе комплементарни елементи, секој елемент со свој автор, има текстови на актери, режисери, писатели, и секој со своја страна на приказната. И тука се гледа умешноста на приредувачот на монографијата, Мазева, да ги спои сите тие разноласија во една целина – рече Стојаноска.

Она што ја прави репрезентативна оваа монографија, нагласи промоторот Стојаноска, е снимениот видеоматеријал кој ретроспективно ни ја доближува богатата актерска личност на Бранко Ѓорчев.

Приредувачот на монографијата за Бранко Ѓорчев, театарскиот критичар Лилјана Мазева, се заблагодари на обемниот видеоматеријал кој за потребите на монографијата на располагање го дала Македонската радио-телевизија.

– Настојував да ги спојам сите текстови на авторите во монографијата и нагласив да ја има емотивната компонента. На крајот сфатив дека сите сме го сакале Бране – рече Мазева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...