fbpx

Во Бунарџик ќе се гради фабрика на компанијата „Монтанте груп“

-

Изградбата на фабрика на италијанската компанија „Монтанте груп“, која произведува механички делови, ќе почне во јануари во Бунарџик, а се очекува да бидe готова до средината на 2016 година.

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Виктор Мизо, истакна дека во првата фаза се предвидува да бидат инвестирани 10 милиони евра и во компанијата да се вработат 100 луѓе, а во наредните фази нивниот број да се зголеми од 350 до 400.

– Компанијата ќе произведува софистициран производ од најновата и најнапредната технологија и се очекува извозот во првата фаза да надминува 30 милиони евра годишно – рече Мизо.

Фабриката ќе се гради во неколку фази, на локација со површина од 49.000 квадратни метри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...