fbpx

Во болниците во земјава од ковид-19 се лекуваат вкупно 1.271 пациент

-

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.271 и има колку 90 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците во земјава е пријавено дека се лекуваат 689 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во регионалните центри во Битола и во Штип се хоспитализирани плус 142 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 кои се лекуваат во ковид центрите во болниците во внатрешноста, изнесува 831. Во болниците во внатрешноста има околу 70 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Од ова министерство информираат дека бројките се менуваат од час во час, според приеми и исписи на пациенти.

„Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, информираат од ова министерство“, информираат тие.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во Штип се хоспитализирани 59 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 73 болни, а во Куманово 100 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 лица, во Прилеп 110, во ковид центарот во Гостивар 48, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица лежат 84 пациенти, во Кочани 31, во Кичево 19, во Кавадарци 40, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...