fbpx

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба за одлуката на ДИК за прегласување во Гостивар

-

ВМРО-ДПМНЕ синоќа соопшти дека од партијата поднеле тужба до Управниот суд поради решението на Државната изборна комисија со кое се уважи приговорот на политичка партија Движење Беса и се поништија резултатите од гласањето на гласачко место во општина Гостивар, ИЕ6.

„Ваквата незаконска одлука на Државната изборна комисија директно влијае на вкупните изборни резултати на штета на Коалицијата за подобра Македонија и ја оспорува јасно изразената волја на мнозинството од македонскиот народ“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека во рамки на тужбата, правната служба на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија приложила бројни докази и аргументи со кои се потврдува незаконитоста и неоснованоста на одлуката на ДИК.

ВМРО-ДПМНЕ во соопштението повикува да не се врши притисок врз Управниот суд од никого и судиите да одлучуваат исклучиво врз основа на закон.

„Секое поинакво постапување би било фалсификување и крадење на јасно изразната волја на граѓаните со постизборен инженеринг“, стои во соопштението.

Претходно од СДСМ соопштија дека поднеле тужби до Управниот суд за четири одлуки на ДИК, додека од Беса рекоа дека нема да поднесат тужби бидејќи се сомневаат во независноста на судот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...