fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратела во Собранието за да го спречи донесувањето на законот за јазиците

-

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во собраниските клупи и со амандмани ќе се обиде да го спречи донесувањето на законот за употреба на јазиците, изјави денеска на прес-конференција потпретседателот на партијата, Митко Јанчев.

– Инаетењето на предлагачите на сила да го истуркаат неуставниот закон за двојазичност не е на штета само на ВМРО-ДПМНЕ, туку на Република Македонија. Одлуката на Владата да не го повлече законот и да не отвори конструктивна расправа околу законот може да предизвика долгорочни последици по државата и да ја наруши кохезивноста меѓу граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е на страна на граѓаните и Република Македонија и затоа ќе стори се во одбрана на државните и национални интереси – вели Јанчев.

Тој додава дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собрание за да ги убеди пратениците од парламентарното мнозинство за ризикот од последиците на носење на овој закон, за кој вели дека, не само што излегува надвор од рамките на Уставот и Охридскиот договор, туку ги става во подредена позиција на сите останати етнички заедници во Република Македонија.

– Законот има бројни пропусти и затоа е несфатливо неконструктивното однесување на СДСМ и одбивањето на предлозите да се формираат работни групи составени од претставници на сите парламентарни групи во Собранието на Република Македонија, со вклучување на експертска и стручна јавност од Правните факултети во државата, претставник од кабинетот на Претседателот на Републиката и од МАНУ. Сигурни сме дека ваквата дебата ќе придонесеше за подигнување на довербата и демократската атмосфера кои ќе резултираа со отстранување на неуставните елементи на овој закон за јазици – додава Јанчев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...