fbpx

Власта се закани со постапка за смена на Јанева, по оцените за нелегитимноста

-

Изјавата на Катица Јанева дека „од доказите што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги има за случајот „Титаник“, произлегува дека претседателот на државата, уставните судии и пратениците во Собранието се нелегитимни“, предизвика жестоки реакции, а денеска се спомнаа и термините „постапка за смена“, „уривање на суверенитетот на државата“ и дека Јанева сторила „едно од најтешките кривични дела“.

По вчерашните соопштенија од Собранието и од техничкиот премиер Емил Димитриев, дека изјавата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за наводната нелегитимност на клучните инстистуции на државата претставува „врв на еден несмасен потценувачки однос со кој се урива и нејзиниот легитимитет“, денеска на иста линија реагираше и цела пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

На прес-конференција на која говореше координаторот на пратеничката група на владејачката партија, Илија Димовски, беше повторно доведен во прашање опстанокот на СЈО. На новинарско прашање дали поради квалификацијата дека го урива суверенитетот на државата, што е едно од најтешките кривични дела, Собранието ќе покрене постапка за смена на Јанева, тој рече: „Постапка за смена, според Законот, покренува Советот на jавни обвинители, а Собранието постапува во втора инстанца“.

Денеска и Советот на јавни обвинители повторно ја одложи седницата за разгледување на извештајот за шестмесечната работа на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Причина за одложувањето и овојпат беше неприсуството на Јанева.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...