СДСМ со закон ќе ја пополнува дупката на Уставниот суд во Законот за помилување

-

Пратеничката група на СДСМ денеска до Собранието ќе поднесе предлог-закон за дополнување на Законот за помилување, со кој, како што велат од опозициската партија, ќе се пополни правната празнина што ја создаде Уставниот суд со одлуката да му се овозможи на претседателот на државата да помилува лица осудени или кои кривично се гонат за изборни измами, тероризам, педофилија и за трговија со дрога.

Со предлог-законот, меѓу другото, се предвидува едно лице да не може да биде помилувано за повеќе кривични дела.

– Срамната одлука на Уставниот суд за укинување на делови од Законот за помилување создава правна празнина која може да ги охрабри потенцијалните сторители на најтешките кривични дела, како што се терористи, педофили, наркодилери, фалсификатори на избори, криминалци од врвот на власта. Срамната одлука на Уставниот суд воедно е и признание за изборниот грабеж и за длабоката поврзаност со криминалот и со корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Со овој предлог-закон ја пополнуваме правната празнина што ја создаде Уставниот суд и предвидуваме правила кои ќе ги обесхрабрат терористите и другите потенцијални сторители на кривични дела. Исто така, оневозможуваме едно лице да биде помилувано за повеќе кривични дела. Воедно, злосторничкото здружение од врвот на ВМРО-ДПМНЕ мора да одговара и ќе одговара – изјави денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески.

Сугарски изрази надеж дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ ќе го поддржат законот, а секоја спротивна одлука, како што рече, ќе биде нивно директно признавање на криминалот на власта.

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Израелскиот премиер негира дека Хамас се согласил на договорот со Газа за целосен прекин на огнот

Од канцеларијата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, негираат дека Хамас се согласил на предлогот за прекин на огнот во Газа, откако еден израелски функционер изјави дека палестинската милитантна група дала одобрение,...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес...