fbpx

Владата со апел: Секој заштеден киловат-час струја во наредниот период е важен

-

Владата денеска ја повтори препораката дека сите субјекти во земјава, без исклучок, треба да штедат електрична енергија за да се зачува стабилноста на енергетскиот систем.

Владиниот советник за енергетика, Виктор Андонов на денешната прес-конференција порача дека сега е време за солидарност и соработка, додавајќи дека Владата на РСМ започнува со процесот на редовно информирање на јавноста за прашањата од економско-енергетската криза, којшто претходно беше најавен од премиерот Димитар Ковачевски.

„Секој од нас е важна алка во овој процес, потребно е да се вклучиме и да направиме мала промена во домот и на своето работно место, која ќе значи многу за енергетскиот систем“, вели владиниот советник Андонов.

Тој објасни дека редовно ќе споделуваат информации за тековната состојба на производство на електрична енергија изработена од АД ЕСМ, а со цел за избегнување на лажните вести и дезинформациите коишто служат само за создавање на паника и несигурност кај граѓаните.

„Ќе бидете информирани за мерките коишто се преземаат за ублажување на последиците од економско-енергетската криза, како и за тековните одлуки што ќе ги носи владата за надминување на кризата“, изјави Андонов, дополнувајќи дека  Владата ќе стои на располагање за новинарите за да се даваа одговори во однос на справувањето со економско-енергетската криза.

Според енергетскиот биланс за произведена електрична енергија на 25 октомври 2022 година, АД ЕСМ произвела 11.083 мегават часови електрична енергија вчера, при што од термоелектраните во земјава се произведени 8.940 мегават часови, а од обновливите извори (хидроелектрани и ветропаркот Богданци) 2.143 мегават часови.

Од Владата на РСМ уште еднаш апелираат до сите да бидат внимателни и рационално да ја користат електричната енергија, за да се намали потрошувачката на струја.

„Со штедење си помагаме себеси, а во исто време им помагаме на институциите за полесно справување со енергетската криза. Секој заштеден киловат час електрична енергија придонесува за добро функционирање на енергетскиот систем и на таков начин го избегнуваме најцрното сценарио, а тоа се рестрикции“, вели владиниот советник за енергетика Андонов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

Девет граѓански организации и независни иницијативи утрово доставија 18 прашања до политичките парртии што ќе учествуваат на парламентарните избори, на кои, како што велат, наместо флоскули и демагогија, очекуваат...