fbpx

„Вешта жена“ во Струга готвеше за децата со посебни потреби

-

Педесетина жени-домаќинки од сите краишна на Република Македонија, на „Женска Плажа” во Струга ги покажаа своите вештини во подготвување на повеќе традиционални македонски специјалитети.

Манифестацијата се одржа во организација на концесионерите на „Женска Плажа” – Руса и Боро Симјаноски, а средствата кои беа собрани од продажбата на специјалитетите беа наменети за деца со посебни потреби.

Од трибината на оваа хуманитарна манифестација жените -учеснички ја изразија поддршката за натамошно опстојување на „Женска Плажа” во прекрасниот амбиент на брегот на Охридското Езеро, како место за забава и рекреација, но и погодно катче за организирање на вакви и слични манифестации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...