Фото: Министерство за здравство

Вчера прва доза примиле 11.220 граѓани, а во текот на денот вкупно се вакцинирале 12.994 граѓани, јави министерството за здравство. Вкупно се аплицирани 542.699 дози вакцини, а ревакцинирани се 220.884 граѓани.

Со барем една доза вакцина, според последните бројки, приомиле 52 отсто од населението над 70 години, 49 отсто од населението над 65 години и 43 отсто од населението над 60 години.

Досега бројот на лица кои се пријавиле преку веб платформата vakcinacija.mk е 469.212.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови, во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп, потсетуваат од Министерството за здравство.