fbpx

Варвициотис: Веднаш да се свика меѓувладината седница за Албанија и Северна Македонија

-

Веднаш да се свика меѓувладината седница за Албанија и Северна Македонија, така што да се расчистат позициите за следните чекори во преговорите, како и за евентуалните забрзувања на преговорите како за Србија така и за Црна Гора, рече грчкиот алтернативен министер за надворешни работи задолжен за европски прашања Милтиадис Варвициотис на заедничка прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров во Владата.

Тој додаде дека европската перспектива на Западен Балкан е национална политика која се спроведува скоро две децении.

„Сметаме дека чекорите во оваа насока од страна на Европа треба да бидат брзи и одлучни. Затоа ги поздравуваме затоплувањата во однос на проширувањето објавени од Самитот Брдо во Словенија. Подготвени сме да учествуваме во сите аспекти, но и да ги поддржиме нашите економски соработки во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и добрососедските односи. Добрососедските односи сигурно се потпираат на довербата и правилното спроведување на Договорот од Преспа, нешто за што разговараме со мојот колега“, рече Варвициотис.

Димитров истакна дека на срдечната и пријателска средба со Варвициотис разговарале за европската иднина на Балканот.

„Оваа посета за мене е сигнал на грчката поддршка, таа ја гледаме и во Брисел, ја видовме и на Самитот во Брдо и во јавни изјави на премиерот Мицотакис и во вашите изјави и за тоа сме благодарни. Разговаравме и врз основа на Меморандумот за разбирање што го имаме со Грција, за забрзување на евроинтегративните процеси за Република Северна Македонија, за тоа како да имаме поголема соработка меѓу нашите и вашите институции во оваа смисла и мислам дека имавме еден плоден разговор“, рече Димитров.

Варвициотис потсети дека од ЕУ веќе се насочени повеќе од 30 милиони евра за реформи и економски напредок во регионот, а изрази подготвеност и Грција да помогне со своето техничко знаење во процесот на евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...