fbpx

Алпинистичката федерација изрази сочувство до семејствата на загинатите алпинисти во „Бучим“

-

Македонската алпинистичка федерација на својот Фејсбук профил ги потврди информациите за идентитетите на загинатите алпинисти кои вчера трагично го загубија својот живот во еден од силосите на рудникот „Бучим“.

„Со длабока жал споделуваме дека смртно настрадани во несреќата се алпинистот Зоран Мајсторски и Драган Станишков од Радовиш. Искрено сочувствуваме со фамилиите на двајцата“, соопштија од федерацијата.

Оттаму велат дека Зоран Мајсторски беше еден од столбовите на Македонскиот алпинизам кој остави значителен алпинистички траг.

„Алпинистите од МАФ и алпинистичката заедница остануваат без драгоцен другар и непроценлив алпинистички потенцијал. Зоран Мајсторски вечно ќе остане запаметен преку неговите искачувања“, велат од федерацијата.

Сочувство изразија и од планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово.

Фото: П.К „Љуботен“

„Тажно е кога ќе слушнеме вест во која не сакаме да веруваме. Многу заеднички моменти ќе останат во сеќавање…едно од тие моменти е водењето на Триглав и Гросглокнер во 2019 година. Горан Мајсторски, почивај во мир“, велат од П.К Љуботен во име на сите членови на клубот.

Како што информираа вчера од рудникот „Бучим“, алпинистите биле ангажирани како подизведувачи од Алпинистичкиот клуб ‘Плоча’ од Радовиш, за извршување на работни задачи – чистење на високонедостапни силоси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...