fbpx

Командата за операции го одбележа Денот на единицата

-

Припадниците на Командата за операции (КО), со денешната воена свеченост која се одржа во касарната „Боро Менков“ во Куманово, го одбележаа Денот на единицата, информираат од Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

Пред присутните свое обраќање имаа началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини.

Генералот Ѓурчиновски во своето обраќање оддаде признание на Командата за операции за резултатите и успешно извршените задачи во целиот досегашен период, како и залагањата во процесот на потполна интеграција во НАТО. Притоа, тој ја истакна поддршката од военото и државното раководство во подобрување на условите, опремувањето и стандардите,

„Имаме долг и обврска не само кон државата, туку и кон граѓаните да продолжиме професионално да ги извршуваме сите поставени задачи за што имаме знаење и капацитет“, им порача Ѓурчиновски на припадниците на КО.

Истакнувајќи го зголемениот интензитет на вежбовни активности кои не очекуваат во претстојниот период, за кое ќе следи соодветна модернизација со современи и софистицирани средства, а со тоа се очекува и постигнување на уште поголеми резултати преку континуирана работа, ред и дисциплина, посветеност и професионализам како што доликува на припадници на Армија членка на НАТО, изјави тој.

Пред стројот се обрати и командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини кој се осврна на големиот број успешно реализирани задачи во текот на изминатата година, меѓу кои успешното менаџирање со ангажманите на јужната граница, учество во гаснењето на пожарите и асистенцијата при справувањето со пандемијата со „Ковид 19“ како и меѓународната  вежба „Одлучен удар 21“.

„Уште еднаш покажавме висок степен на интероперабилност со Алијансата, но и го потврдивме мотото дека заедно сме навистина посилни“, изјави бригадниот генерал Бесник Емини.

Во рамки на свеченоста се доделија стимулативни мерки на припадници на КО за остварените резултати во работењето, додека за најдобра единица од составот на Командата за операции за минатата година се прогласи инженерискиот баталјон.

Командата за операции е носител на традициите на одбележувањето на денот кога е формиран штабот на Кресненско востание, кој е воедно и ден кога е кренато востанието, како еден од значајните историски настани врз кои се темелат традициите во Армијата.

Командата за операции како команда од оперативно рамниште во текот на своето постоење егзистираше како Армиски Корпус до 2000 година, кога се трансформира во 1.Армиски Корпус, за да во 2002 година прерасне во Команда на копнената војска, а од 2005 година се преструктуира според стандардите на НАТО во Здружена оперативна команда, додека согласно процесот на трансформација по полноправното членство во НАТО го добива сегашното име.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...