АРМ ќе набавува италијански хеликоптери

АРМ во моментов користи хеликоптери развиени во Советскиот сојуз, од сериите „Ми“

-

Понудата од компанијата „Леонардо“ од Италија е избрана за најсоодветна за новата генерација хеликоптери за Армијата на Република Северна Македонија, најави вчера министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Таа вчера во интервјуто за „360 степени“ најави дека набавката на осум нови повеќенаменски хеликоптери за Армијата на Република Северна Македонија влегува во нова фаза откако Министерството и Армијата ја избрале понудата на италијанската компанија Леонардо како најсоодветна во процесот на модернизација на хеликоптерските капацитети на Армијата.

„Пред една недела одржавме Управна група, на која што ставот на Генералштабот, што беше потврден од останатите вклучително и од мене, е дека најсоодветна, согласно перформансите, цената, вклучително и системот за одржување е понудата од италијанската компанија Леонардо“, рече министерката.

Набавени ќе бидат два типа на хеликоптери, Агуста 149 и Агуста 169. Едниот хеликоптер е со поголема носивост, до 14 патници со опрема, а другиот е со помала носивост, до 8 патници исто така со вклучена опрема, информираше министерката и додаде дека по оваа одлука се влегува во фаза на формирање на комисијата за набавки која ќе започне со преговарање со компанијата чија што понуда е селектирана како најповолна.

Во однос на останатите проекти за модернизација, министерката истакна дека по пристигнатите 32 возила, годинава се очекуваат околу 16 дополнителни JLTV оклопни возила од американско производство, како и првите оклопни возила Страјкер.

Согласно договорите за набавка, истакна Петровска, испораката на системите за противвоздушна одбрана од Франција се очекува во втората половина на 2025 година, додека артилериските системи од Турција треба да пристигнат во периодот 2025-2026 година.

Буџетот за одбраната годинава го надмина прагот од 2 проценти од БДП, односно изнесува 2,05% или околу 327 милиони евра. Една третина од одбранбениот буџет е наменет за модернизација и опремување на Армијата со што Северна Македонија ги исполни двата критериуми на НАТО- Алијансата за буџетирање на одбраната – минимум 2 проценти од БДП за одбрана и најмалку 20% од овие средства за модернизација, соопштува Министерството за одбрана.

АРМ во моментов користи хеликоптери развиени во Советскиот сојуз, од сериите „Ми“.

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата „Шампион на...

„Н1“: Од каде српско „љ“ во рускиот извештај и други нелогичности?

Безбедносната информативна агенција (БИА) на својата веб-страница објави извештај на Руската Федерална служба за безбедност за употребата на таканаречениот звучен топ во Србија. Веднаш штом бил објавен текстот, биле забележани грешки...

Екс градоначалникот на Лозово дозволил незаконски да се исплатат 205 илјади денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена...

Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Денот на победата над фашизмот се празнува и се одбележува и во Скопје (и во сите други градови во земјата), но и како Ден на Европа, а на 8 мај како...

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата...