fbpx

Дваесетгодишна Британка починала по операција за слабеење во Турција

Откако ѝ било одобрено да лета дома три дена по процедурата извршена во Турција, на 5 јануари на Морган Рибеиро ѝ се слошило за време на летот назад до аеродромот Гетвик, принудувајќи го авионот итно да слета во Белград, каде што била пренесена во болница

-

Mајката на 20-годишна девојка која почина по направената операција на желудникот за слабеење во Турција, проговори во јавноста неколку дена по нејзината смрт, велејќи дека никогаш не сака истото да се случи на нечија друга ќерка.

„Индипендент“ соопшти дека Морган Рибеиро отпатувала од Лондон во Турција за да направи операција на желудникот на почетокот на овој месец со нејзиниот партнер Џејми Брустер, кој вели дека девојката темелно ги истражувала опциите за оперирање. Таа не сакала да поминува години на листа на чекање на националната здравствена служба.

Откако ѝ било одобрено да лета дома три дена по процедурата извршена во Турција, на 5 јануари на Морган Рибеиро ѝ се слошило за време на летот назад до аеродромот Гетвик, принудувајќи го авионот итно да слета во Белград, каде што била пренесена во болница.

Лекарите го информирале нејзиниот партнер дека девојката доживеала септичен шок. Тој изјавил дека итно морале да ја оперираат Морган, откако откриле дека тенкото црево ѝ било пресечено за време на процедурата со гастричен ракав, што довело до инфекција.

Семејството вели дека хирурзите ѝ извадиле 10 сантиметри од тенкото црево и се надевале дека ќе се опорави. Сепак, на 9 јануари семејството соопшти дека Морган доживеала срцев удар и била ставена во индуцирана кома.

Зборувајќи неколку дена по нејзината смрт, мајката Ерин Гибсон рече дека Морган во минатото била исмејувана уште од млада возраст поради нејзината тежина, но дека немала поим за планот за операцијата.

„Ѝ кажував дека е убава одвнатре и однадвор, таа навистина беше убава девојка“, вели нејзината мајка.

Постарата сестра ја молела Морган да не ја извршува операцијата, а мајката дознала за процедурата кога ќерка и веќе била на авионот кон Турција.

„Никогаш не сакам ова да и се случи на друга ќерка. Не сакам нејзиниот живот да биде залуден“, изјави мајката на починатата девојка.

Во септември 2023 година, Рибеиро имала виртуелна консултација со компанија која ги поврзува потенцијалните пациенти за слабеење со операции во странство и полетала на 4 јануари за да ја изврши процедурата.
Нејзиниот партнер, Брустер, се сеќава на болничкиот персонал и преведувачите кои разговарале со неа за процедурата и закрепнувањето, но не се сеќава на ниту едно предупредување за опасностите поврзани со операцијата. Тој вели дека операцијата траела околу два и пол часа и се пожалила на непријатност кога се разбудила, но лекарите ја увериле дека ќе биде во ред.

Од болницата изјавиле дека Морган не ги следела препораките за закрепнување како движење и пиење вода, но нејзиниот партнер го негира тоа тврдење.

„Таа беше полна со љубов, беше уметник, драма кралица, исто како мене, и беше убава одвнатре и однадвор. Таа беше дружељубива, глупава, пријателски насторена и сакана. Сакаше да пее и да се грижи за другите – и работеше со деца“, вели мајката опишувајќи ја својата почината ќерка.

ИзворThe Independent

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...